Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘сексуални работнички’

crven-cador-banskoliev-(1)

Поговорката дека курварлакот е „најстариот занает“ на светот сѐ уште не успева да ме убеди дека истиот е нормално да се третира како професија во денешна смисла на зборот. Замислете само: при крајот на напорниот работен ден ви се „присакува“ и убаво си одите до најблискиот пункт за добивање на „сексуални услуги“. На шалтерот ве пречекува насмеана „мадам“ и љубезно ве поздравува, на што вие на брзина отпоздравувате и нестрпливо прашувате кои оператори и услуги се достапни. Наместо тоа, исклештената мадам од шалтерот ви нуди флаер и почнува да ви раскажува за најновите новогодишни промоции и пакети, на што вие само отсутно климате со главата и цупкате со ногата под шалтерот во надеж дека презентацијата ќе трае што е можно пократко. После неколкуминутниот монолог на извежбаната госпоѓа, вие го земате флаерот, формално се заблагодарувате и велите дека него би сакале дома да го проучите, додека за овој пат би се задоволиле со некоја од постојаните услуги. Госпоѓата од шалтерот воздржано ви климнува со главата, при што не заборава да ви препорача да ја погледнете и нивната веб презентација, како и да обрнете особено внимание на новата опција „онлајн нарачки за дома“. (more…)

Read Full Post »