Овие денови влегуваме во оној дел од годината кога пријателството и дружењето силно се интензивираат, а гостопримстовото станува доминантна добродетел. Истовремено, започнува и повеќенеделниот божиќен пост, кој нас, православните христијани, не повикува на повлекување, воздржание и покајание. Се чини дека сме поставени пред избор: или ќе го избереме патот на постот и повлеченоста, или ќе го избереме патот на празнувањето и дружењето. (more…)
Posts Tagged ‘спорт’
Посните слави низ призма на спортот
Posted in За животот на Црквата, Христијанска етика и аскетика, tagged посна слава, пост, слава, спорт on Декември 1, 2013| Leave a Comment »
Русија – Норвешка 29 – 24. Неколку аналогии со православното подвижништво
Posted in Христијанска етика и аскетика, tagged аскеза, аскетика, божествена љубов, грев, истрајност, истрајноста како метод, пад, подвиг, подвижништво, ракомет, спорт on Декември 19, 2007| Leave a Comment »
Финалниот натпревар на светското првенство во ракомет за жени помеѓу Русија и Норвешка ме стави на мисла за една во принцип доста поразлична работа од ракометот – православната аскетика. Немам некој особен интерес по спортските натпревари, но ова сепак беше финале, па некако ми го привлече вниманието. Признавам дека го изгледав натпреварот од почеток до крај со огромно внимание. Колку и да не се разбирам од спортов, една навистина воодушевувачка работа беше преочигледна – неверојатната подготвеност (како физичка така и психичка) и на едниот и на другиот тим. Тие беа подготвени на сè. Играта беше исклучително напната. Најважното: имаше одделни грешки во играта на двете страни, но немаше суштински промашувања. После секоја направена грешка – тие продолжуваа понатаму. Русија на почетокот на второто полувреме водеше со пет гола разлика, за десетина минути покасно Норвежанките да ја намалат разликата до само еден гол. Но тоа не беше причина професионалниот руски ракометарен тим да си дозволи општо опаѓање на играта. Напротив, контра-нападите се зачестија и разликата повторно се зголеми. Имаше тешки ситуации кога тимовите играа со играч помалку, но не опаѓаа со играта. Точно во моментите на криза и двата тима знаеја со сета сила да возвратат назад…