Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘филм’

interstellar_holy_shit_shot

Sneaking past a black hole’s event horizon, scanning the hole’s singularity and retrieving gravity-mastering data is impossible. As for falling into a black hole and seeing tidal forces disintegrate your vessel without making you into spaghetti, then entering a region prepared by your future self only to re-emerge into normal space-time via wormhole… well, criticism seems superfluous. 

And, yet, this is a film worth watching…

(Alasdair Richmond)

Интерстелар на Кристофер Нолан е долг, исцрпувачки филм, направен по класичен холивудски СФ канон, предвидлив и накитен со патетични спилберговски орнаменти, но сепак – сериозно инспиративен. Впрочем, тука е вистинската сила на Нолан: размислувањата за филмот да те обземат дури откако добро ќе се отспиеш (барем така функционира кај мене). На кратко, филмот дава доволно простор и материјал за негова аскетска интепретација, при што би издвоил две одлични поенти, кои се генерираат околу две централни теми: самотијата и домостројот. При тоа, филмот нуди префинето стилизирана антиципација на дијалектиката помеѓу божествените енергии и созданието.

Исклучиво во „црната дупка“ на потполната самотија (откажување од таткото свој, мајката своја и т.н., т.е. од сите и од секого) е можно вистинското пронаоѓање на ближниот, т.е. превозмогнувањето на самотијата. Тогаш кога човек ќе престане да се плаши од самотијата и по силата на љубовта ќе се нурне во неа – тогаш успева да ја победи. Со самотијата се победува самотијата… (more…)

Advertisements

Read Full Post »

WorldWarZ-ZombiewallTrailerHelifull5Силата наша е во слабоста… Демоните бегаат од слабиот, болниот, истоштениот. Не плаши се од болеста и смртта – тие се најмоќното оружје против демоните. Тоа е носењето на крстот за кое зборува Господ. Без тоа нема мир, без тоа нема победа против лукавиот. Она што изгледа дека е предност на лукавиот, всушност е неговата најголема слабост. Со смртта смртта се победува. Раслабениот и изнемоштениот се надмоќни во таа борба, а не телесно силниот и здравиот.

Read Full Post »

Текстот е објавен во „Православен Пат“, бр. 24 (мај 2010)

Филмот „Остров“ остава исклучително силен впечаток со својата многуслојност, внатрешните аналогии, поврзаности и контрасти, со што успева да ја допре сржта на православното аскетско мислење и дејствување. Секогаш актуелниот карактер на православната аскетика (а особено на прашањето за гревот и покајанието) следува да го оправда навидум задоцнетото појавување на овој есеј, неколку години по првото прикажување на филмот и со доволна дистанца од првиот еуфоричен бран реакции поттикнати од него. При тоа, намерно би избегнал да се вплеткам во општи и генерални кажувања, туку би претпочитал да посветам внимание на една епизода, која силно ми го привлече вниманието: финалниот дијалог помеѓу јуродивиот старец Анатолиј и Тихон. Има нешто необично во целиот тој дијалог, ако се гледа просто како разговор во кој старецот бара прошка од Тихон. Ако човек се вдлабочи во разговорот, може да забележи своевидна двојственост на односот на старецот кон Тихон.

Пред самиот крај на разговорот, Тихон му простува на старецот. Но, тука – според стандардите на пиетистичко-религиозен начин на мислење, веќе тешко метастазиран во нашата религиозна култура – би следувало двајцата да се расплачат, или да се прегрнат, или што било друго во тој дух да направат. Но, се случува нешто сосема поинакво. Разговорот не завршува со Тихоновите зборови: „Ти простувам“, пропратени со очекуваниот „блажен“ и насолзен поглед на исповеданиот старец во кадарот, кој полека се затемнува. Старецот, откако успеа да измоли прошка од човекот кого го уби, го заврши разговорот со зборовите: „Тихон, оди си во мир… Господ е со тебе“!? (more…)

Read Full Post »