Кај нас за сè нешто знае да се крене галама. Онака по балкански, полуналудничаво и во некаков занес да се писка на сите страни за ова или за она, а потоа, откако ќе се изнавикаат и изнаплукаат – да влезат во хибернација и да чекаат прилика за некое следно себеизразување од сличен вид. Така се прават дебати, така се прават војни, така се градат и така се уриваат општествени системи (независно дали ќе стане збор за монархија, социјализам или демократија)… И колку македонскиот ѓоа-ми-ти евро-интелектуалец и активист да се „фура“ на Запад, на човекови права и слободи, на цивилизираност, на граѓанско општество – си останува „Балканец“ во душа. При тоа селективноста со која тој ја третира „балканштијата“ е уникатна – буквално сè она што има вредност се отфрла и се третира како „сељачко“, „шабанско“, „ретроградно“, „провинцијално“, додека реалните, особено психолошките „шабанизми“ – како комплексот на пониска вредност, комплексот на повисока вредност (како последица на претходниот), опсесивната склоност кон „модерното“, кон „напредното“ (спротивно на „заостанатото“), кон трендовите (а de facto кон кичот во сите можни и невозможни форми и пакувања) – поминуваат „на широка врата“! И да не набројувам понатаму – последната пројава на балканско-македонскава ни кич-прогресивна-идеологија е спорот (или поточно викотницата) околу псевдо-јуродивиот обид на некој психијатар пред пензија „да лечи хомосексуализам со хормонска терапија“. Што да речам? Соц-реализам VS. турбо фолк! (…) (more…)
Posts Tagged ‘хомосексуализам’
Апче против хомосексуализам?!
Posted in Етички теми, Христијанска етика и аскетика, tagged грев, морализам, турбо фолк, хомосексуализам, љубов on Февруари 16, 2009| Leave a Comment »
Хомосексуален „брак“
Posted in Христијанска етика и аскетика, tagged blud, brak, блуд, брак, грев, грешност, задоволство, здодевно, изопачен, изопаченост, наслада, настран, настраност, неизбежен, неизбежност, неприродно, перверзен, перверзија, перверзност, права, право, противприродно, gjavol, gresnost, grev, homoseksualci, homoseksualen brak, homoseksualizam, izopacen, izopacenost, naslada, nastran, nastranost, neizbezen, neizbeznost, neprirodno, сатана, секојдневен, секојдневие, хомосексуален брак, хомосексуализам, хомосексуалци, ѓавол, perverzen, perverzija, perverznost, prava, pravo, protivprirodno, satana, sekojdneven, sekojdnevie, zadovolstvo, zdodevno on Март 29, 2008| 5 Comments »
Последниве денови во Грција беше актуелизирано прашањето за легализацијата на хомосексуалните „бракови“. Формата под која тоа најверојатно ќе биде изведено подразбира договор со кој ќе се регулираат односите и обврските на двајцата „партнери“. Ваквиот договор de jure ќе има статус на замена за институцијата брак… Целава оваа приказна ме стави на мисла за една работа – колку всушност ваквата „легализација“ на хомосексуализмот им „одговара“ на самите хомосексуалци?
Која е воопшто поентата во „легализацијата“ на гревот? Привлекувачката, задоволувачката сила на гревот (особено на блудот, под кој, како негова екстремна форма, може да се вброи и хомосексуализмот) во голема мерка се состои токму во неговата „настраност“ (тоа не се однесува толку на „забранетоста“, колку свесноста на човекот за отклонувањето од „нормалното“ кое се случува при починувањето на гревот). Би можело да се рече дека „сладоста“ на гревот е токму во тоа – да се прави неприродното и неприфатеното… Точно поради тоа и идејата за „легализација“ на гревот изгледа самата по себе противречна – со избришувањето на хомосексуализмот од листата на девијантни однесувања како да се избријшува и причината која повеќето хомосексуалци ги натерала на тој начин да се „ориентираат“. Просто хомосексуализмот станува дел од здодевното секојдневие! Човек ем греши, ем не го гледа тоа и згора на се пак му е – здодевно. 100% загуба!
Се вели дека „ѓаволот не сака задоволни грешници“. Врвот на ѓаволската „уметност“ е ем да не натера да згрешиме, ем од тоа никакво задоволство да не почувствуваме. Тој сака да не натера да станеме „ревносни“ во гревот, па дури и тогаш кога се мачиме како „грешни ѓаволи“, или полудуваме од униние и кога јасно гледаме дека точно гревот е тој што нè убива – сепак „стоички“ да останеме во него! Мислам дека нешто слично може да се каже и за прикаската со „хомосексуалниот брак“. Идејата е ем да се продолжи со чинење на гревот, при што истиот тој грев ќе биде „растеретен“ од својата „грешност“, а со тоа и од задоволстввото (колку и тоа задоволство да е прелестно) кое гревот го причинува… (more…)