Кај нас за сè нешто знае да се крене галама. Онака по балкански, полуналудничаво и во некаков занес да се писка на сите страни за ова или за она, а потоа, откако ќе се изнавикаат и изнаплукаат – да влезат во хибернација и да чекаат прилика за некое следно себеизразување од сличен вид. Така се прават дебати, така се прават војни, така се градат и така се уриваат општествени системи (независно дали ќе стане збор за монархија, социјализам или демократија)… И колку македонскиот ѓоа-ми-ти евро-интелектуалец и активист да се „фура“ на Запад, на човекови права и слободи, на цивилизираност, на граѓанско општество – си останува „Балканец“ во душа. При тоа селективноста со која тој ја третира „балканштијата“ е уникатна – буквално сè она што има вредност се отфрла и се третира како „сељачко“, „шабанско“, „ретроградно“, „провинцијално“, додека реалните, особено психолошките „шабанизми“ – како комплексот на пониска вредност, комплексот на повисока вредност (како последица на претходниот), опсесивната склоност кон „модерното“, кон „напредното“ (спротивно на „заостанатото“), кон трендовите (а de facto кон кичот во сите можни и невозможни форми и пакувања) – поминуваат „на широка врата“! И да не набројувам понатаму – последната пројава на балканско-македонскава ни кич-прогресивна-идеологија е спорот (или поточно викотницата) околу псевдо-јуродивиот обид на некој психијатар пред пензија „да лечи хомосексуализам со хормонска терапија“. Што да речам? Соц-реализам VS. турбо фолк! (…) (more…)
Posts Tagged ‘љубов’
Апче против хомосексуализам?!
Posted in Етички теми, Христијанска етика и аскетика, tagged грев, морализам, турбо фолк, хомосексуализам, љубов on Февруари 16, 2009| Leave a Comment »
Ако љубов немам – ништо не сум…
Posted in Христијанска етика и аскетика, tagged abortus, balasevic, bogatstvo, c. s. lewis, carstvo, cs lewis, djordje balasevic, абортус, балашевић, балашевиќ, богатство, васа ладачки, воскресение, ерос, к. с. луис, крст, кс луис, музика, несреќа, пекол, поезија, прича о васи ладачком, eros, krst, ljubov, ljubov kon bliznite, ljubov kon boga, ljubovta, muzika, nesrekja, радост, распетие, рај, сиромаштија, слобода, среќа, убиство, условеност, царство, ђорђе балашевић, ѓорѓе балашевиќ, љубов, љубов кон ближните, љубов кон бога, љубовта, pekol, poezija, prica o vasi ladackom, radost, raj, raspetie, siromastija, sloboda, srekja, ubistvo, uslovenost, vasa ladacki, voskresenie on Март 16, 2008| 5 Comments »
Вчера, по кој знае колку време, ги заслушав песните на Ѓорѓе Балашевиќ – човекот за кого слободно може да се рече дека беше гласот на разумот во безумните југословенски 90-ти. Порано не му обрнував некое особено внимание. Она што во музиката секогаш на прво место ме интересирало биле мелодиите, хармонијата на композициите и сл. – што не е силната страна на музиката на Балашевиќ. Она што неверојатно доаѓа до израз кај него е текстот – такво играње со зборовите, такво „извезување“ на зборовите во мелодиската рамка… Мислам дека ретко кој музичар од нашиот Балкан би можел да се спореди со него за оваа работа.
„Прича о Васи Ладачком“ – немам зборови… Како е можно преку една романтична песничка да се искаже најдлабоката вистина на христијантвото? Мислев да цитирам само некои делчиња од песната, но ми стои дека во овој котекст тоа е некако неумесно. Ќе го пуштам целиот текст во оригинал, па после ќе додадам неколку размилсувања:… (more…)
Животот во Црквата и животот во светот III
Posted in Христијанска етика и аскетика, tagged crkva, dvizecka sila, Јован Златоуст, Јован Лествичник, Василиј Велики, Григориј Богослов, Максим Исповедник, Никола Кавасила, Црква, движечка сила, казна, криза, награда, отци, подвиг, преобразување, претпазливо, Grigorij Bogoslov, hrabro, Jovan Lestvicnik, Jovan Zlatoust, kazna, kriza, ljubov, Maksim Ispovednik, nagrada, Nikola Kavasila, свет, свети отци, слобода, современо, страв, храбро, љубов, otci, podvig, preobrazuvanje, retpazlivo, sloboda, sovremeno, strav, svet, sveti otci, Vasilij Veliki on Март 7, 2008| Leave a Comment »
(…) Една цела редица на свети отци, меѓу кои: свети Григориј Богослов, свети Јован Лествичник, свети Никола Кавасила – расудуваат по прашањето за тоа која е движечката сила во духовниот живот на христијанинот. И сите истакнуваат три – првата и најниската е стравот од Божјата казна, втората и не многу повисока е желбата за награда во вечното Царство и третата – и единствената вистинска, кон која сите треба да се стремат – љубовта. Љубовта е апсолутната причина за сè, бидејќи таа е единствената која самата нема причина. Вистинската љубов не се јавува како последица на некое претходно „поттикнувачко дејствие“ – токму таа е „поттикнувачкото дејствие“, кое ги предизвикува сите други конструктивни човечки дејствија.
Токму моделот кој за водечка сила ја има љубовта е типичен за најголемите меѓу светите отци на Црквата. Тие не знаат за страв, а спомнувањето на награда за нивниот подвиг е навреда за нив – сè што тие сакаат е да Му служат на Љубениот и на љубените. Тоа е врвот на слободата. Слободата без љубов – не е слобода, таа е суета, таа е изговор за нашите слабости, во кои до таа мерка сме се заљубиле што и ѓаволот ќе го наречеме бог само за да си го истераме своето.
Светите отци како свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов, свети Јован Златоуст, свети Максим Исповедник – биле совршено слободни луѓе. Истите тие биле луѓето кои го покрстиле европскиот човек, неговата култура и мисловност – премудро избирајќи го сето она што од него можело формално да се прифати, но истовремено да ја промени суштината од паганска во христијанска, без при тоа да претставува опасност по самата христијанска вистина. Отците знаеле што да изберат, ги проучувале паганските философи и од нив „краделе“ сè што можело да се усогласи со христијанскиот светоглед и да биде од полза за растот на Црквата… (more…)
„Бог си го зеде Тоше“?! За животот, смртта, Бога и светоста
Posted in Христијанска етика и аскетика, tagged Проески, Тоше, Тоше Проески, бестрашност, вечен живот, духовен живот, живот и смрт, канонизација, литургиски живот, литургија, молитва, молитва за починатите, наречници, неизбежна реалност, одговорност, причина за смртта, проклето прашање, gjavol, kanonizacija, liturgija, ljubov, molitva, narecnici, свети, светител, слобода, смрт, страв, судбина, умре млад, упокоени, ѓавол, љубов, љубов кон Бога, љубов кон ближните, odgovornost, Proeski, sloboda, smrt, sudbina, svetitel, Tose, Tose Proeski, upokoeni, vecen zivot on Октомври 21, 2007| 2 Comments »
Ќе си дозволам повторно да се вратам на темата за трагичната смрт на македонскиот поп пејач Тоше Проевски – и тоа не без една многу конкретна причина. На еден куп форуми, во еден куп написи, дури и на вестите на телевизијата – беше поставено (и тоа ни најмалку случајно) прашањето: „зошто ова се случи“? Пазете, ова е суштинско животно прашање. Ова е прашањето за животот и смртта. Ако добро се замислиме – смртта е една неизбежна реалност, која ние можеме колку сакаме да ја игнорираме, но таа останува на сила. Повеќето од нас живееме под своевидна само-анестезија, го тргнуваме своето лице од оваа реалност, правејќи се дека – тоа нас не нè засега (барем не за сега). И повторно – сите нас, кај и да е, не затечува смртта на некој близок, сакан човек. И тогаш, одеднаш, како цунами ни налетуваат сите оние прашања кои толку долго сме си ги потиснувале и на кои насилно не сме сакале да мислиме. Што, пак, се случува ако неочекувано нè затече смртта на човек кој сите ние заедно сме го чувствувале како близок, ни бил мил, сме го сакале? Мислам дека токму такво нешто се случи пред некој ден. И тогаш над сите нас – се постави потиснатото проклето прашање за животот и смртта, а природно со него – и прашањето за Бога.
Залог за иднината на балканската поп култура
Posted in Христијанска етика и аскетика, tagged balkan, cool, darba, Проески, Тоше, Тоше Проески, балкан, балканска поп сцена, вера, дарба, дарби, живот и смрт, залог, имиџ, квалитет, литургиски живот, литургија, милосрдие, милосрдност, молитва, молитва за починатите, нормален имиџ, нормалност, подвиг, поп култура, поп сцена, kvalitet, liturgija, ljubov, milosrdie, milosrdnost, molitva, normalnost, семејство, слава, смрт, трагедија, традиција, труд, љубов, podvig, pop scena, Proeski, semеjstvo, slava, smrt, Tose, Tose Proeski, tradicija, tragedija, trud, upokoeni, vecen zivot, vera, zalog on Октомври 17, 2007| Leave a Comment »
Тоа што Digital Areopagus е во основа конципиран како богословски и философски блог, не значи дека темата на која пишувам последниве два дена е вон контекстот. Напротив – прашањата за животот е смртта, за младоста и успехот, за тагата и радоста – се фундаментални философски и аскетско-богословски прашања. Ако ние знаеме само да теоретизираме, но истовремено кога ќе се соочиме со реалноста на теоретизираното пред самите наши очи не знаеме што да правиме – тогаш нашата теорија е напразна. Христијанската философија и теологија извираат од самиот живот, на него се изградуваат со цел на самиот живот да му служат, да го објаснат, да го преобразат, да го облагородат и да го осветат. Затоа сакам и понатаму да пишувам за настанот кој деновиве сите силно нè потресе – затоа што сега, кога сме далеку поранливи и почувствителни отколку претходно, сме многу поспособни согледаме некои нешта кои постојано сме ги имале пред очи, но нашиот поглед просто поминувал низ нив, без вистински да ги допре.
Уникатноста на Тоше Проевски на македонската и балканската популарна музичка сцена се состоеше во неговата неверојатна „нормалност“. Имиџот на Тоше е неспоредлив со повеќето „дејци“ од таа сцена. Тој беше „од другата страна“ на ексцесите, бунтовништвото, болната сексуалност, травестијата, силиконите – и сè останато кое обично се користи како магнет за привлекување на публиката, особено за привлекување на градските снобовски кругови. Тој го победи балканскиот поп-кич со неговиот nice-guy имиџ. Но не е само имиџот во прашање – Тоше успеа да остане искрен со себеси: вкусувајќи ја славата (која за нашите балкански простори, искрено кажано, беше огромна), тој не го поплука своето детство, своето семејство, своето Крушево, својата Црква. Тој остана истиот. Сите негови пријатели, како оние од детството, така и оние од подоцнежните денови го сведочат тоа.