Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘изразување’

Можеби ова што сега ќе го напишам ќе изгледа противречно на напишаното во претходниот текст. Сепак, го прземем тој ризик, за да не се случи некои работи да останат недоречени. „Човекот е она што го јаде“ – и колку да не би му се бендисала на Фоербах веќе широко распространетата православна интерпретација на овие негови зборови, сепак истата останува применлива како во контекстот на литургијата, така и во контекст на подвижништвото во целина. Пренесено во нашиов контекст – човекот станува она што го чита, т.е. она што интелектуално го восприема, со што интелектуално се храни (меѓу другото оваа форма на богопричестување – која отец Александар Шмеман ја нарекува „света тајна на словото“ – особено бива нагласена кај свети Никола Кавасила).

Таа храна понатаму следува да се преработи. Со други зборови, потребно е време и подвиг на постојано и молитвено „прежвакување и варење“ на восприменото, како човек тоа навистина лично би го воспримил. Дел од тоа „преџвакување и варење“ е систематизирањето на восприменото и негово изразување со јазикот на „современото систематско богословие“. Но тоа не е целта и крајот на подвигот. Мислам дека дури после години вакво работење (повторно подвлекувам – тоа работење не може да биде изолирано од комплетниот литургиско-аскетски ангажман на целиот човек) настапува „ослободување од цитатите, фуснотите и академизмот воопшто“…

(more…)

Read Full Post »

Попладнево препрочитав еден текст што пред околу половина година го пишував за свети Никола Кавасила. Во текстот, покрај останатото, стои следново:

Растеретен од потребата самиот да ја нагласува својата втемеленост врз преданието (како што тоа го прави мнозинството од византиските отци), тој на секоја страна на неговите главни богословски дела Животот во Христа и толкувањето на Светата литургија постојано се повикува на него, без при тоа да обрнува внимание на наведувањето на своите извори. Тоа пред сè сведочи за неговата сраснатост со преданието и високиот степен на негово лично восприемање, но истовремено и за големата слобода во разгрнувањето на истото.

Читајќи го ова ме замисли едно нешто – која е смислата на „школско-научното“ занимавање со делата на светите отци? Еве, текстот од кој е земен овој цитат, има триесетина фусноти со забелешки, препратки кон други автори, анализи и т.н. Од друга страна, предмет на мојот интерес е еден автор, кој крајно безобразно (од таа „школко-научна“ гледна точка) избегнува да си ги наведува источниците, да пишува белешки „под црта“. Што е уште „пострашно“ – тој воопшто не е осамен во неговата традиција! Ако најдете еден византиски автор кој се нафатил уредно да исцитира се што препишал или парафразирал… Па сепак токму тие автори ги сметаме за врвни авторитети во византискиот мисловен свет…

(more…)

Read Full Post »