Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘grev’

untitled-4

Многубројни свети отци зборуваат за три нешта кои го поттикнуваат христијанинот на подвижнички живот: стравот од вечната казна, надежта на вечното блаженство и – љубовта. Свети Јован Летвичник вели дека првите две стапала се корисни само за почетниците, но дека целта е подвизувањето поттикнато од чистата љубов кон Христа. Свети Никола Кавасила предложува еден порадикален став – тој инститира на љубовта, подвлекувајќи ја суетата на претходните две. Тука се поставува прашањето – дали двете на прв поглед спротивставени позиции можат да бида усогласени или не?

Пред некоја седмица посетив изложба во еден храм во Хајделберг насловена како: „Уменост за животот и смртта“. Прилично морбидно за излоба на детски цртежи, нели? Но насловот не е ништо во споредба со она што беше изложено. Имено, изложеното јасно ја рефлектира нездравата претстава на тие деца не само за смртта, туку и за животот, црковноста, верата, добродетелта и т.н. Освен моменти од типот „напиши го сопствениот некролог“, или разлеаните часовници по скалите на амвонот – беше изложена една црна кутија, со димензии да речеме 80х80cm, со дупка од едната страна, а однатре обложена со црн сунгер. Кутијата се корсти на следниот начин: посетителот треба да ја стави главата во дупката (до крај, за да не влегува светлина од никаде) и да остане така некое време. Цел: да види колкава темница го чека ако биде лош. Кога го видов тоа буквално ми се стемни, и тоа без да ја бутам главата кадешто не и место… (more…)

Read Full Post »

homobrak4.jpg

Последниве денови во Грција беше актуелизирано прашањето за легализацијата на хомосексуалните „бракови“. Формата под која тоа најверојатно ќе биде изведено подразбира договор со кој ќе се регулираат односите и обврските на двајцата „партнери“. Ваквиот договор de jure ќе има статус на замена за институцијата брак… Целава оваа приказна ме стави на мисла за една работа – колку всушност ваквата „легализација“ на хомосексуализмот им „одговара“ на самите хомосексуалци?

Која е воопшто поентата во „легализацијата“ на гревот? Привлекувачката, задоволувачката сила на гревот (особено на блудот, под кој, како негова екстремна форма, може да се вброи и хомосексуализмот) во голема мерка се состои токму во неговата „настраност“ (тоа не се однесува толку на „забранетоста“, колку свесноста на човекот за отклонувањето од „нормалното“ кое се случува при починувањето на гревот). Би можело да се рече дека „сладоста“ на гревот е токму во тоа – да се прави неприродното и неприфатеното… Точно поради тоа и идејата за „легализација“ на гревот изгледа самата по себе противречна – со избришувањето на хомосексуализмот од листата на девијантни однесувања како да се избријшува и причината која повеќето хомосексуалци ги натерала на тој начин да се „ориентираат“. Просто хомосексуализмот станува дел од здодевното секојдневие! Човек ем греши, ем не го гледа тоа и згора на се пак му е – здодевно. 100% загуба!

Се вели дека „ѓаволот не сака задоволни грешници“. Врвот на ѓаволската „уметност“ е ем да не натера да згрешиме, ем од тоа никакво задоволство да не почувствуваме. Тој сака да не натера да станеме „ревносни“ во гревот, па дури и тогаш кога се мачиме како „грешни ѓаволи“, или полудуваме од униние и кога јасно гледаме дека точно гревот е тој што нè убива – сепак „стоички“ да останеме во него! Мислам дека нешто слично може да се каже и за прикаската со „хомосексуалниот брак“. Идејата е ем да се продолжи со чинење на гревот, при што истиот тој грев ќе биде „растеретен“ од својата „грешност“, а со тоа и од задоволстввото (колку и тоа задоволство да е прелестно) кое гревот го причинува… (more…)

Read Full Post »