Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘ispoved’

untitled-4

Многубројни свети отци зборуваат за три нешта кои го поттикнуваат христијанинот на подвижнички живот: стравот од вечната казна, надежта на вечното блаженство и – љубовта. Свети Јован Летвичник вели дека првите две стапала се корисни само за почетниците, но дека целта е подвизувањето поттикнато од чистата љубов кон Христа. Свети Никола Кавасила предложува еден порадикален став – тој инститира на љубовта, подвлекувајќи ја суетата на претходните две. Тука се поставува прашањето – дали двете на прв поглед спротивставени позиции можат да бида усогласени или не?

Пред некоја седмица посетив изложба во еден храм во Хајделберг насловена како: „Уменост за животот и смртта“. Прилично морбидно за излоба на детски цртежи, нели? Но насловот не е ништо во споредба со она што беше изложено. Имено, изложеното јасно ја рефлектира нездравата претстава на тие деца не само за смртта, туку и за животот, црковноста, верата, добродетелта и т.н. Освен моменти од типот „напиши го сопствениот некролог“, или разлеаните часовници по скалите на амвонот – беше изложена една црна кутија, со димензии да речеме 80х80cm, со дупка од едната страна, а однатре обложена со црн сунгер. Кутијата се корсти на следниот начин: посетителот треба да ја стави главата во дупката (до крај, за да не влегува светлина од никаде) и да остане така некое време. Цел: да види колкава темница го чека ако биде лош. Кога го видов тоа буквално ми се стемни, и тоа без да ја бутам главата кадешто не и место… (more…)

Read Full Post »

riba-gude.jpg

Кога ќе се сетам на оној наплив на креативност, кој речиси секогаш се појавува кога треба да се определи начинот на кој православните пости може да се „испоштуваат“ – мислам дека и ренесансните алхемичари можат комотно да ни позавидат. Онаа стара прикаска за претворањето на железото во злато (барем во онаа најбуквална смисла) денес ни изгледа прилично иреално. Но да се претвори посната боранија во риба, а рибата веднаш потоа во прасе – е тоа е совршено реално и кој знае колку пати до сега ни пошло од рака да ја „погодиме формулата“.

Просто не ми се верува колку луѓе се живи убедени дека редот на велигденските пости изгледа отприлика вака: последната (а за поревносните, обично постарите госпоѓи, многу често и првата) седмица „се тера на вода“, после што следува причестување. Што се однесува до оној недефиниран вакум од пет седмици помеѓу – е тука алхемијата влегува во игра. Тие пет седмици, се ем пост (тоа никој не го оспорува) – ама во нив се јаде брате што ќе ти дојде до рака!

Додека живеев во Бугарија успеав да се запознаам и со уште еден сличен, но во секој случај „поумерен“ модел. Таму нема форсирање – прво само на вода (по можност и со тримир во пакет), па после прасетина и на крај пак вода – како кај нас. Таму е некако поискулирано – нема прасетина, нема ни „на вода“ – ама риба, млеко и млечни производи може колку сакаш. Кај ќе ти издржат они сироти без „Витоша“ и „Балкан“ кашкавал, или кисело млекце „На Баба“? А за прасетината не се толку емотивно врзани, така што повеќе им одговара некоја ваква компромисна варијанта… (more…)

Read Full Post »