Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘izbor’

crkva-svet1.jpg

Да не се лажеме – како одминува времето секоја следна генерација ја доживува Црквата како сè подалечна и подалечна. Не зборувам дека жедта на човекот по Бога почнува да се губи – просто разликата на фрекфенциите помеѓу животот во светот и животот во Црквата сè повеќе и повеќе доаѓа до израз. Каде е проблемот? Дали е во современото европско општество – кое до таа мерка се отуѓило од „своите христијански корени“; или, пак, е во неспособноста на црковната институција да се приспособи на „современата динамика на живеење“? Сум ги среќавал и двете формули, па дури во некои моменти – се случувало по малку и да се соживеам со секоја од нив. Но мислам дека ниту едната ниту другата не предлагаат доволно објективно видување на нештата.

Да, современото општество се оддалечува од формите карактеристични за христијанството кои ни се познати од минатото. Сепак, самото тоа се изградува врз фундаментални христијански концепти – и човечката слобода, и човековите права, и рамноправноста, и толеранцијата – се лајт мотиви на христијанската етика. Затоа многу е тешко (и неправилно) тоа општество така „олако“ да се окарактеризира како „безбожничко“… (more…)

Read Full Post »

zapalena-crkva.jpg

Уште пред да се случи прогласувањето на независноста на јужната српска покраина Косово и Метохија – си дадов збор дека барем некои десетина дена по собитието нема да напишам ниту збор по прашањето. Добро е човек малку да земе здив, да остави колку-толку да си легнат работите, па дури тогаш да опсудува и да предлага мислења. Се разбира, она за што ќе пишувам нема да бидат некакви специјални политички, економски и не знам какви анализи – ниту сум јас стручен за тоа, ниту блогов се занимава со наведените области – туку просто ќе се обидам да фрлам малку светлина на неколку клучни сегменти од целата приказна.

Првиот интересен момент, во секој случај, беше солидаризирањето на Римокатоличката црква и Светскиот совет на црквите со Србија. Ватикан јасно и гласно одби да ја признае самопрогласената независност на Косово. И тука може на долго и на широко да се „бистри“ и анализира – но едно е сигурно: Ватикан со ова направи многу битен чекор во насока на подобрување (или барем одржување) на дијалогот со православните (а особено со Руската Православна Црква)… (more…)

Read Full Post »