Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘liturgija’

untitled-1-copy.jpg

Ќе си дозволам повторно да се вратам на темата за трагичната смрт на македонскиот поп пејач Тоше Проевски – и тоа не без една многу конкретна причина. На еден куп форуми, во еден куп написи, дури и на вестите на телевизијата – беше поставено (и тоа ни најмалку случајно) прашањето: „зошто ова се случи“? Пазете, ова е суштинско животно прашање. Ова е прашањето за животот и смртта. Ако добро се замислиме – смртта е една неизбежна реалност, која ние можеме колку сакаме да ја игнорираме, но таа останува на сила. Повеќето од нас живееме под своевидна само-анестезија, го тргнуваме своето лице од оваа реалност, правејќи се дека – тоа нас не нè засега (барем не за сега). И повторно – сите нас, кај и да е, не затечува смртта на некој близок, сакан човек. И тогаш, одеднаш, како цунами ни налетуваат сите оние прашања кои толку долго сме си ги потиснувале и на кои насилно не сме сакале да мислиме. Што, пак, се случува ако неочекувано нè затече смртта на човек кој сите ние заедно сме го чувствувале како близок, ни бил мил, сме го сакале? Мислам дека токму такво нешто се случи пред некој ден. И тогаш над сите нас – се постави потиснатото проклето прашање за животот и смртта, а природно со него – и прашањето за Бога.

(more…)

Read Full Post »

tose6.jpg

Тоа што Digital Areopagus е во основа конципиран како богословски и философски блог, не значи дека темата на која пишувам последниве два дена е вон контекстот. Напротив – прашањата за животот е смртта, за младоста и успехот, за тагата и радоста – се фундаментални философски и аскетско-богословски прашања. Ако ние знаеме само да теоретизираме, но истовремено кога ќе се соочиме со реалноста на теоретизираното пред самите наши очи не знаеме што да правиме – тогаш нашата теорија е напразна. Христијанската философија и теологија извираат од самиот живот, на него се изградуваат со цел на самиот живот да му служат, да го објаснат, да го преобразат, да го облагородат и да го осветат. Затоа сакам и понатаму да пишувам за настанот кој деновиве сите силно нè потресе – затоа што сега, кога сме далеку поранливи и почувствителни отколку претходно, сме многу поспособни согледаме некои нешта кои постојано сме ги имале пред очи, но нашиот поглед просто поминувал низ нив, без вистински да ги допре.

Уникатноста на Тоше Проевски на македонската и балканската популарна музичка сцена се состоеше во неговата неверојатна „нормалност“. Имиџот на Тоше е неспоредлив со повеќето „дејци“ од таа сцена. Тој беше „од другата страна“ на ексцесите, бунтовништвото, болната сексуалност, травестијата, силиконите – и сè останато кое обично се користи како магнет за привлекување на публиката, особено за привлекување на градските снобовски кругови. Тој го победи балканскиот поп-кич со неговиот nice-guy имиџ. Но не е само имиџот во прашање – Тоше успеа да остане искрен со себеси: вкусувајќи ја славата (која за нашите балкански простори, искрено кажано, беше огромна), тој не го поплука своето детство, своето семејство, своето Крушево, својата Црква. Тој остана истиот. Сите негови пријатели, како оние од детството, така и оние од подоцнежните денови го сведочат тоа.

(more…)

Read Full Post »