Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘ljubov’

untitled-4

Многубројни свети отци зборуваат за три нешта кои го поттикнуваат христијанинот на подвижнички живот: стравот од вечната казна, надежта на вечното блаженство и – љубовта. Свети Јован Летвичник вели дека првите две стапала се корисни само за почетниците, но дека целта е подвизувањето поттикнато од чистата љубов кон Христа. Свети Никола Кавасила предложува еден порадикален став – тој инститира на љубовта, подвлекувајќи ја суетата на претходните две. Тука се поставува прашањето – дали двете на прв поглед спротивставени позиции можат да бида усогласени или не?

Пред некоја седмица посетив изложба во еден храм во Хајделберг насловена како: „Уменост за животот и смртта“. Прилично морбидно за излоба на детски цртежи, нели? Но насловот не е ништо во споредба со она што беше изложено. Имено, изложеното јасно ја рефлектира нездравата претстава на тие деца не само за смртта, туку и за животот, црковноста, верата, добродетелта и т.н. Освен моменти од типот „напиши го сопствениот некролог“, или разлеаните часовници по скалите на амвонот – беше изложена една црна кутија, со димензии да речеме 80х80cm, со дупка од едната страна, а однатре обложена со црн сунгер. Кутијата се корсти на следниот начин: посетителот треба да ја стави главата во дупката (до крај, за да не влегува светлина од никаде) и да остане така некое време. Цел: да види колкава темница го чека ако биде лош. Кога го видов тоа буквално ми се стемни, и тоа без да ја бутам главата кадешто не и место… (more…)

Read Full Post »

embryo2.jpg

Вчера, по кој знае колку време, ги заслушав песните на Ѓорѓе Балашевиќ – човекот за кого слободно може да се рече дека беше гласот на разумот во безумните југословенски 90-ти. Порано не му обрнував некое особено внимание. Она што во музиката секогаш на прво место ме интересирало биле мелодиите, хармонијата на композициите и сл. – што не е силната страна на музиката на Балашевиќ. Она што неверојатно доаѓа до израз кај него е текстот – такво играње со зборовите, такво „извезување“ на зборовите во мелодиската рамка… Мислам дека ретко кој музичар од нашиот Балкан би можел да се спореди со него за оваа работа.

„Прича о Васи Ладачком“ – немам зборови… Како е можно преку една романтична песничка да се искаже најдлабоката вистина на христијантвото? Мислев да цитирам само некои делчиња од песната, но ми стои дека во овој котекст тоа е некако неумесно. Ќе го пуштам целиот текст во оригинал, па после ќе додадам неколку размилсувања:… (more…)

Read Full Post »

crkva-svet3.jpg

(…) Една цела редица на свети отци, меѓу кои: свети Григориј Богослов, свети Јован Лествичник, свети Никола Кавасила – расудуваат по прашањето за тоа која е движечката сила во духовниот живот на христијанинот. И сите истакнуваат три – првата и најниската е стравот од Божјата казна, втората и не многу повисока е желбата за награда во вечното Царство и третата – и единствената вистинска, кон која сите треба да се стремат – љубовта. Љубовта е апсолутната причина за сè, бидејќи таа е единствената која самата нема причина. Вистинската љубов не се јавува како последица на некое претходно „поттикнувачко дејствие“ – токму таа е „поттикнувачкото дејствие“, кое ги предизвикува сите други конструктивни човечки дејствија.

Токму моделот кој за водечка сила ја има љубовта е типичен за најголемите меѓу светите отци на Црквата. Тие не знаат за страв, а спомнувањето на награда за нивниот подвиг е навреда за нив – сè што тие сакаат е да Му служат на Љубениот и на љубените. Тоа е врвот на слободата. Слободата без љубов – не е слобода, таа е суета, таа е изговор за нашите слабости, во кои до таа мерка сме се заљубиле што и ѓаволот ќе го наречеме бог само за да си го истераме своето.

Светите отци како свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов, свети Јован Златоуст, свети Максим Исповедник – биле совршено слободни луѓе. Истите тие биле луѓето кои го покрстиле европскиот човек, неговата култура и мисловност – премудро избирајќи го сето она што од него можело формално да се прифати, но истовремено да ја промени суштината од паганска во христијанска, без при тоа да претставува опасност по самата христијанска вистина. Отците знаеле што да изберат, ги проучувале паганските философи и од нив „краделе“ сè што можело да се усогласи со христијанскиот светоглед и да биде од полза за растот на Црквата… (more…)

Read Full Post »

untitled-1-copy.jpg

Ќе си дозволам повторно да се вратам на темата за трагичната смрт на македонскиот поп пејач Тоше Проевски – и тоа не без една многу конкретна причина. На еден куп форуми, во еден куп написи, дури и на вестите на телевизијата – беше поставено (и тоа ни најмалку случајно) прашањето: „зошто ова се случи“? Пазете, ова е суштинско животно прашање. Ова е прашањето за животот и смртта. Ако добро се замислиме – смртта е една неизбежна реалност, која ние можеме колку сакаме да ја игнорираме, но таа останува на сила. Повеќето од нас живееме под своевидна само-анестезија, го тргнуваме своето лице од оваа реалност, правејќи се дека – тоа нас не нè засега (барем не за сега). И повторно – сите нас, кај и да е, не затечува смртта на некој близок, сакан човек. И тогаш, одеднаш, како цунами ни налетуваат сите оние прашања кои толку долго сме си ги потиснувале и на кои насилно не сме сакале да мислиме. Што, пак, се случува ако неочекувано нè затече смртта на човек кој сите ние заедно сме го чувствувале како близок, ни бил мил, сме го сакале? Мислам дека токму такво нешто се случи пред некој ден. И тогаш над сите нас – се постави потиснатото проклето прашање за животот и смртта, а природно со него – и прашањето за Бога.

(more…)

Read Full Post »

tose6.jpg

Тоа што Digital Areopagus е во основа конципиран како богословски и философски блог, не значи дека темата на која пишувам последниве два дена е вон контекстот. Напротив – прашањата за животот е смртта, за младоста и успехот, за тагата и радоста – се фундаментални философски и аскетско-богословски прашања. Ако ние знаеме само да теоретизираме, но истовремено кога ќе се соочиме со реалноста на теоретизираното пред самите наши очи не знаеме што да правиме – тогаш нашата теорија е напразна. Христијанската философија и теологија извираат од самиот живот, на него се изградуваат со цел на самиот живот да му служат, да го објаснат, да го преобразат, да го облагородат и да го осветат. Затоа сакам и понатаму да пишувам за настанот кој деновиве сите силно нè потресе – затоа што сега, кога сме далеку поранливи и почувствителни отколку претходно, сме многу поспособни согледаме некои нешта кои постојано сме ги имале пред очи, но нашиот поглед просто поминувал низ нив, без вистински да ги допре.

Уникатноста на Тоше Проевски на македонската и балканската популарна музичка сцена се состоеше во неговата неверојатна „нормалност“. Имиџот на Тоше е неспоредлив со повеќето „дејци“ од таа сцена. Тој беше „од другата страна“ на ексцесите, бунтовништвото, болната сексуалност, травестијата, силиконите – и сè останато кое обично се користи како магнет за привлекување на публиката, особено за привлекување на градските снобовски кругови. Тој го победи балканскиот поп-кич со неговиот nice-guy имиџ. Но не е само имиџот во прашање – Тоше успеа да остане искрен со себеси: вкусувајќи ја славата (која за нашите балкански простори, искрено кажано, беше огромна), тој не го поплука своето детство, своето семејство, своето Крушево, својата Црква. Тој остана истиот. Сите негови пријатели, како оние од детството, така и оние од подоцнежните денови го сведочат тоа.

(more…)

Read Full Post »