Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘prerano’

tose1.jpg

Никогаш не му ја сакав ниту почитував музиката. Не ми беше интересен ниту неговиот teenage superstar имиџ, а уште помалку сцената на која за рекордно време го доби водечкото место. Но тогаш зошто воопшто да пишувам за Тоше Проевски, кога ништо од она што го има направено не го доживувам како особено значајно? Токму заради она што тој допрва следуваше да го направи. Неговата досегашна поп кариера не е ништо во споредба со она што тој требаше понатаму да го постигне. Што ќе беше Тоше на негови 40 или 50 години. Што ќе беше ако ги доживееше годините на чудесниот Павароти. Требаше да помине бурата од еуфоријата на маалската слава – после која на местото на поп-ѕвездата Тоше следуваше да се издигне уметникот Проевски. Тој беше неверојатен талент, просто неспособен доживотно да остане тра-ла-ла музичар на срцепарателни highschool песнички. Неговата кариера – вистинската музичка кариера – требаше допрва да почне. Животот започнува во триесеттата (Darkwood Dub). Затоа ми е жал. Жал ми е затоа што, на крајот на краиштата, беше просто млад човек, мој врсник, православен. Тој зема благослов од архиепископот Стефан пред заминувањето на Евровизија, во речиси секое интервју (бар во оние кои јас ги имам слушнато) тој ја спомнуваше улогата на Бога во неговиот живот. Во едно интервју за А1 телевизија, кое сега го слушнав, тој кажа дека музиката му е сè во животот – независно од тоа дали ќе биде на врвот на славата или ќе нема што да јаде. Не ми изгледаше дека е тоа просто реторика диктирана од менаџерите – Тоше поминал и низ едното и низ другото. Тој требаше допрва…

И на ваквиот хаотичен ред на мислите ми се „прикачи“ помислата на еден дел од мојата последна исповед кај духовникот од пред неколку дена. Зборувавме за тоа дека имам претерано со ангажманите, работата, дека сум се навлекол на работењето, сум станал workoholic – до таа мерка што почнувам да чувствувам дека не само личниот живот ми се слизнува од прстите, туку дека тоа сериозно ми се одразува и на црковниот живот – која е смислата на тоа деноноќно да се занимаваш со теологија и христијанска философија, а при тоа да си го заборавиш спасението? Отецот насмевнато ми рече:
– А замисли сега, згора на тоа, утре да те згази трамвај. Па да се убиеш од мака!
– Среќа, отец, што во Скопје сè уште нема трамваи.
– Па добро, не мора да е трамвај…

(more…)

Read Full Post »