Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘sekularizam’

Текстот е објавен во „Православна Светлина“, бр. 12 (јануари 2010)

Хроничниот спор околу прашањето за воведување и одвивање на веронауката во македонските училишта во изминативе месеци одново се интензивира. Повторното укинување на веронауката од страна на уставниот суд, во време кога учебната година сѐ уште беше во тек, предизвика остра дискусија во јавноста. Она што во самата дискусија особено е загрижувачко е превосходството на идеолошката сфера над фактичката. Премногу реторика за едно многу конкретно прашање: на што се темели ставот за неусогласивоста на веронауката со граѓанскиот образовен систем во Македонија?

Овој краток труд ќе претставува обид за разјаснување на едно историско недоразбирање, како и за демистифицирање на ставовите изградени врз основа на истото. Тоа ќе биде изведено преку преиспитување на односот на поновата македонска наука кон македонското просветителско движење од крајот на 18. и почетокот на 19. век, а особено кон неговиот клучен претставник игуменот на Марковиот и Лешочкиот манастир отец Кирил Пејчиновиќ. (…) (more…)

Read Full Post »

Низ иглени уши влегоа Германците во полуфиналето на ЕП во фудбал! Турците душата им ја извадија – покажаа страшно добра игра и само малку фалеше да победат…

Очигледно е дека, дури и еден фудбалски аналфабет, како што се доживував самиот до пред неколку дена, ќе се навлече на целата работа кога ќе се најде во Германија – просто воздухот си е таков. Секако, посебен „филм“ е да си тука кога Германците влегуваат во финалето и се на еден чекор од шампионската титула. Сепак, впечатокот кој го стекнав од германското навивање и целата атмосфера (пред сè како одраз на нивната сегашна култура и светоглед) – е жален, многу жален.

На почеток не можев да си ги дефинирам работите. Просто имаше некое непријатно чувство во воздухот, кое изгледа само јас го восприемав. Целата таа еуфорија чадеше од бесмисла, од некаков прикриен очај, кој не можев да си го објаснам. Во толпата влегов насмеан од уво до уво, пола час покасно (кога успеавме некако да се пробиеме низ неа) се чувствував најпросто кажано – многу тажно.

Какво беше целото тоа празнување? Што се празнуваше? Мене ми изгледа многу глупаво да поверувам дека единствената причина за тој собир, за целиот излачен адреналин и за еуфоричната радост на крајот – е просто тоа што дванаесетте растрчани Германци успеаја повеќе пати да ја бутнат топката во спротивниот гол, отколку што тоа можеа да го направат нивните турски колеги. Секако дека популарниот спорт си ја темели популарноста на многу повеќе фактори отколку само спортот, но сега нема да навлегувам во не знам какви психолошки, социјални и философки анализи. Она што тука ме интересира не е просто прашањето „зошто фудбалот е популарен“, туку попрво прашањето: „од каде доаѓа потребата на луѓето за вакво псевдо-празнично доживување на нештата како што е фудбалот“? (more…)

Read Full Post »