Feeds:
Написи
Коментари

Posts Tagged ‘strav’

untitled-4

Многубројни свети отци зборуваат за три нешта кои го поттикнуваат христијанинот на подвижнички живот: стравот од вечната казна, надежта на вечното блаженство и – љубовта. Свети Јован Летвичник вели дека првите две стапала се корисни само за почетниците, но дека целта е подвизувањето поттикнато од чистата љубов кон Христа. Свети Никола Кавасила предложува еден порадикален став – тој инститира на љубовта, подвлекувајќи ја суетата на претходните две. Тука се поставува прашањето – дали двете на прв поглед спротивставени позиции можат да бида усогласени или не?

Пред некоја седмица посетив изложба во еден храм во Хајделберг насловена како: „Уменост за животот и смртта“. Прилично морбидно за излоба на детски цртежи, нели? Но насловот не е ништо во споредба со она што беше изложено. Имено, изложеното јасно ја рефлектира нездравата претстава на тие деца не само за смртта, туку и за животот, црковноста, верата, добродетелта и т.н. Освен моменти од типот „напиши го сопствениот некролог“, или разлеаните часовници по скалите на амвонот – беше изложена една црна кутија, со димензии да речеме 80х80cm, со дупка од едната страна, а однатре обложена со црн сунгер. Кутијата се корсти на следниот начин: посетителот треба да ја стави главата во дупката (до крај, за да не влегува светлина од никаде) и да остане така некое време. Цел: да види колкава темница го чека ако биде лош. Кога го видов тоа буквално ми се стемни, и тоа без да ја бутам главата кадешто не и место… (more…)

Read Full Post »

crkva-svet3.jpg

(…) Една цела редица на свети отци, меѓу кои: свети Григориј Богослов, свети Јован Лествичник, свети Никола Кавасила – расудуваат по прашањето за тоа која е движечката сила во духовниот живот на христијанинот. И сите истакнуваат три – првата и најниската е стравот од Божјата казна, втората и не многу повисока е желбата за награда во вечното Царство и третата – и единствената вистинска, кон која сите треба да се стремат – љубовта. Љубовта е апсолутната причина за сè, бидејќи таа е единствената која самата нема причина. Вистинската љубов не се јавува како последица на некое претходно „поттикнувачко дејствие“ – токму таа е „поттикнувачкото дејствие“, кое ги предизвикува сите други конструктивни човечки дејствија.

Токму моделот кој за водечка сила ја има љубовта е типичен за најголемите меѓу светите отци на Црквата. Тие не знаат за страв, а спомнувањето на награда за нивниот подвиг е навреда за нив – сè што тие сакаат е да Му служат на Љубениот и на љубените. Тоа е врвот на слободата. Слободата без љубов – не е слобода, таа е суета, таа е изговор за нашите слабости, во кои до таа мерка сме се заљубиле што и ѓаволот ќе го наречеме бог само за да си го истераме своето.

Светите отци како свети Василиј Велики, свети Григориј Богослов, свети Јован Златоуст, свети Максим Исповедник – биле совршено слободни луѓе. Истите тие биле луѓето кои го покрстиле европскиот човек, неговата култура и мисловност – премудро избирајќи го сето она што од него можело формално да се прифати, но истовремено да ја промени суштината од паганска во христијанска, без при тоа да претставува опасност по самата христијанска вистина. Отците знаеле што да изберат, ги проучувале паганските философи и од нив „краделе“ сè што можело да се усогласи со христијанскиот светоглед и да биде од полза за растот на Црквата… (more…)

Read Full Post »