Feeds:
Написи
Коментари

Archive for Февруари 1st, 2007

kiril22.jpg 4. Формалната едноставност на јазикот, лексичката примитивност (пред сè во споредба со класичните јазици на кои светите отци ги изложувале Божествените вистини) и нагласената практична[1] насоченост на содржината на списите на игуменот Кирил Пејчиновиќ можат да нè доведат во искушение предвремено и крајно површно да го донесеме својот суд во однос на неговата образованост, писменост, оригиналност и богословска доследност[2]. Но, по едно посериозно и продлабочено исчитување и анализирање на неговите списи, невозможно е да не се согледаат доследноста кон црковното предание, комплексноста и светоотечката прецизност на неговата богословската мисла, содржана во нив. 

Отец Кирил едноставно „дишел“ со духот на богословието на светите оци. Тој не бил во состојба да размислува и да дејствува надвор од неговиот контекст – тоа за него се подразбирало! Од друга страна, тој немал потреба за некакво систематско богословско изложување на верата – потребите биле детерминирани од целната група на неговото богословско делање, т.е. народот Божји во Македонија, како и од историските услови во кои живеел, а кои јасно ги изложува во своето писмо до српскиот кнез Милош: „Не учихом во никое школо, ни па растехом во некија палати нашего јазика, ни во палати чуждија вери, но от зачала и до ниње пребиваем во гурбетлук во место уничижениј, во запустении свјатих церквеј и манастиреј“[3]. Тоа бил крстот на игуменот Кирил, со кој уште во младоста безпоговорно се набагрил, непрестано сокрстоносејќи и на својата паства сè до своето блажено упокојување.
(more…)

Read Full Post »