12. Токму во „освјаштението“, се содржи суштината на Кириловото просветителството. Светоста, како состојба на богопознание и богоопштење, т.е. како совршена состојба на човековото реално постоење, е воедно и негов извор и смисла. Просветителството на тој начин претставува сведоштво на светот за Светлината – μαρτυρίαν περὶ τοῦ φοτός (Јован 1,7) – за боговидението, за учеството во евхаристиското созерцание на тивката Светлина на светата слава на Отецот. Тоа во себе ги вклучува сите сегменти на земниот живот, но поставени во таков ред (τάξις) што во нивниот центар секогаш се наоѓа светиот путир. На тој начин, на Кириловото просветитлество нема нeшто што му недостасува – ги содржи писменоста, науката, моралот, борбата против суеверието – но сето тоа осмислено од Словото. Тоа го содржи, на крајот на краиштата, и здравиот разум, поточно – оздравениот, охристовениот разум, разумот на облагодатениот богочовек.
Напишете коментар