Кога ќе се сетам на оној наплив на креативност, кој речиси секогаш се појавува кога треба да се определи начинот на кој православните пости може да се „испоштуваат“ – мислам дека и ренесансните алхемичари можат комотно да ни позавидат. Онаа стара прикаска за претворањето на железото во злато (барем во онаа најбуквална смисла) денес ни изгледа прилично иреално. Но да се претвори посната боранија во риба, а рибата веднаш потоа во прасе – е тоа е совршено реално и кој знае колку пати до сега ни пошло од рака да ја „погодиме формулата“.
Просто не ми се верува колку луѓе се живи убедени дека редот на велигденските пости изгледа отприлика вака: последната (а за поревносните, обично постарите госпоѓи, многу често и првата) седмица „се тера на вода“, после што следува причестување. Што се однесува до оној недефиниран вакум од пет седмици помеѓу – е тука алхемијата влегува во игра. Тие пет седмици, се ем пост (тоа никој не го оспорува) – ама во нив се јаде брате што ќе ти дојде до рака!
Додека живеев во Бугарија успеав да се запознаам и со уште еден сличен, но во секој случај „поумерен“ модел. Таму нема форсирање – прво само на вода (по можност и со тримир во пакет), па после прасетина и на крај пак вода – како кај нас. Таму е некако поискулирано – нема прасетина, нема ни „на вода“ – ама риба, млеко и млечни производи може колку сакаш. Кај ќе ти издржат они сироти без „Витоша“ и „Балкан“ кашкавал, или кисело млекце „На Баба“? А за прасетината не се толку емотивно врзани, така што повеќе им одговара некоја ваква компромисна варијанта…
Сега да ја оставам малце шегата на страна, ама способностите за импровизирање и „вадење“ – дури кога станува збор и за најпростиот и најлесниот подвиг како што е телесниот пост – ни се ненадминливи. Тоа е некаква општо-балканска карактерна црта, која изгледа дека пазарењето си го има зацртано за мерка на сите нешта: да влезеш „гага“ на концерт или претстава, да добиеш некаков-било-каков гратис или попуст („Веро“ е, на пример, преполно затоа што за цех повисок од незнам колку илјади денари даваат гратис – кинески чаши) – тоа ти е вистински успех.
Муабетот ми е дека постот е доброволен подвиг. Никој не нè тера на сила да постиме. Но постот е почетокот на подвигот, тој е меѓу најниските скалила и човек кој сака да да врви по патот на православната вера – нормално е да нагази и на тоа скалило. Па ако веќе нагазува – нека нагази како што е пропишано. Неоспорно е дека спасението ни е гратис (латинското „gratis“ буквално значи „по благодат“), но и ние треба да пуштиме некако рака по тој дар, кој ни се подава „од горе“. За секој кој бар малку ја согледува големината и убавината на тој непроценлив дар – нормално е да срипа и со двете раце да го зграпчи најсилно што може. Ете таков е постот пропишан од Црквата. Тој нè подготвува – заедно со ревносната молитва и самоиспитување, редовното исповедање и причестување – да го зграпчиме дарот на Воскресението, кое ќе го прославиме седум седмици од денес.
Господи и Владыко живота моего…
…очисти мя грешнаго.
Srecan vam pocetak posta sa zeljom da se svi pravoslavni zajedno sto cestitije i sa vise ljubavi prema Hristu i jedni prema drugima pripremimo za Svetu Tajnu Pricesca.
Novi tekst je jednako kvalitetan i lijep kao i prethodni(ali ponekad bi poneki mogao biti napisan i na srpskom :)).Nastavite sa svojim radom kao i do sada.
Pozdrav i Hrist neka je medju nama dok cekamo Vaskrsenje njegovo!
Sandra (verujem)
Ми се допаѓаМи се допаѓа
Јас убаво си напишав како не треба да се пости, ама изгледа заборавив на напишам како треба. Во следниов текст, преземен од блогот „Свиток“, се наведени општите правила и препораки за постење во текот на Великиот пост:
Велик Пост: општи правила
Во време на Великиот пост не се јаде: месо, риба, јајца, млеко, растително масло, вино.
Во саботите и неделите може да се јаде: растително масло, вино (освен Саботата на Страстна седмица).
Во Великиот пост риба може да се јаде само на празниците Благовештение (7 април) и Цветници (Влегувањето Господово во Ерусалим).
Во Православната Црква со правилата на постот се укажани само најстрогите норми, кон чие запазување се должни, според можноста, да се стремат сите верни. Формална поделба во правилата; за монасите, клирот и лаиците – не постои. Но, кон постот мора да се пристапува разумно. Не треба да се зафаќаме со она што е над нашите сили. Неискусните во постот треба да пристапуваат кон него постепено и разумно. За лаиците/народот, за болните, децата – постот често се олеснува (тоа треба да биде со благослов на свештеник).
Во молитвите се говори: „постете со пост пријатен.” Тоа значи, дека треба да се држи таков пост што ќе биде духовно пријатен. Мора да се проценат своите сили и не да не се пости престрого или, обратно, непотребно ублажено. Во првиот случај; исполнувањето на правилата кои не се според нашите сили – може да ги повреди и и телото и душата, а во вториот случај; ние нема да го постигнеме потребниот телесен и духовен напор. Секој од нас треба да ги определи своите телесни и духовни можности и да прифати телесно воздржување, обраќајќи главно внимание на очистувањето на својата душа.
Ми се допаѓаМи се допаѓа