Feeds:
Написи
Коментари

Archive for Октомври 3rd, 2007

headway_advanced_jkt.gifheadway_beginner_jkt.gifheadway_elementary_jkt.gifheadway_intermediate_jkt.gif

Денес во изучувањето на странските јазици се користат различни методолошки пристапи. Она што ми паѓа во очи е тоа што повеќето од застапените методи – особено оние на покомерцијалните и, следствено, попознатите програми – наместо да го поедностават патот кон целта, само го усложнуваат и го продолжуваат. Конкретно, едниот пристап е оној на веќе стандардните јазични курсови (на пример, “Headway” курсот по англиски јазик). И не само што ваквите програми ја имаат способноста да траат со години, туку и по изминувањето на годините – сè што е научено се сведува на „навикнатоста“ на изучуваниот јазик. Поточно, целта на овие програми е навикнувањето на јазикот, почнувањето-да-се-мисли на соодветниот јазик, асимилирањето – но не и разбирањето на неговата внатрешна логика; не и разбирањето на логиката на јазиците воопшто. Граматичките правила, на тој начин, стануваат ноќна мора за ученикот – граматиката е нешто одвратно сложено. Владеењето со законитостите на јазикот бива заменето со „добивањето осет“ за истиот. Токму поради тоа – и преминувањето кон изучување на следен јазик (по истиот метод) повторно почнува од самиот почеток. И не само тоа – сум чул многумина како велат: „колку ми пречи претходно научениов јазик, ми се мешаат“. Наместо веќе стекнатото искуство од едниот научен јазик да биде од помош за следниот – тој многу често станува товар, пречка. Резимирано, ваквиот метод во изучувањето на јазиците – ем трае вечно (следствено и плаќањето за курсот има аналогно времетраење), ем те заковува за јазикот кој си се нафатил да го учиш (па дури и те онеспособува за изучување на друг).

(more…)

Read Full Post »